ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/3/22 8:36 PM

Британски научник предупредува – Лицата со настинка или грип треба да одат во карантин

Луѓето кои имаат настинка или грип треба да бидат изолирани неколку дена, изјави еден од водечките британски научници Сер Френк Атертон.

Атертон, кој е водечки медицински експерт од Велс, вели дека кризата со коронавирус треба да ја натера нацијата да размисли „како се однесувавме како општество“ и дека секој со вирусна инфекција мора да се изолира за да спречи ширење на инфекцијата на другите.

Коментарите дојдоа во време кога Велика Британија се бори со ширењето на сојот Омикрон. Според сегашните правила во Англија, Велс и Северна Ирска, секој што е позитивен на Ковид мора да биде во карантин најмалку седум дена.

Ако пациентот е негативен на тестот, може да излезе од самоизолација по шест или седум дена, додека во Шкотска периодот на задолжителен карантин е најмалку 10 дена.

Извор: Србијданас.ком

Фото: Профимедиа


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7