ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/3/22 7:35 PM

Фатени двајца разбојници во Аеродром, веднаш по извршената кражба

Денеска на бул. Крсте Мисирков во Скопје полициски службеници од СВР Скопје приведоа двајца разбојници, А.Х. (25) и малолетник, двајцата од Скопје, постапувајќи по добиена пријава во 18.07 часот дека на територија на општина Аеродром тие со закана од малолетник одзеле мобилен телефон и паричник.

Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности, разбојниците се пронајдени и приведени во ПС Бит Пазар, а кај едно од лицата е пронајден мобилниот телефон. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1