ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/3/22 6:17 PM

Пронајдено бебе во канта за ѓубре – Жена се породила во авион, а бебето го оставила во тоалетот

Персоналот на аеродромот во Маурициус пронашол новороденче оставено во канта за ѓубре во тоалетот на авионот.

Британски „BBC“ наведува дека е уапсена 20-годишна жена од Мадагаскар, која е осомничена дека се породила во текот на летот.

Авионот „Ер Маурициус“ слетал на аеродромот „Сер Сивусагур Рамгулам“ на 1 јануари, а детето било пронајдено при рутинска царинска проверка.

Полицајците забележале раскрвавена тоалетна хартија и пронашле дете кое веднаш било префрлено во болница. Детето и уапсената се чувствуваат добро.

Извор: Блиц.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1