ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/3/22 4:04 PM

ЕХФ ја претстави Македонија: Кирил Лазаров е незапирлив и на 42 години, но сега во фокусот ќе биде неговата улога на селектор

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја најави репрезентацијата на Македонија во пресрет на Европскиот шампионат кој ќе се игра во Унгарија и Словачка.

Во својта 17-та статија од серијата 24 колку што ќе има учесници на ЕХФ Еуро 2022, организаторот ја најави Северна Македонија како репрезентација со силна ракометна традиција во која ракометот е спорт број еден.

„Тие доаѓаат на својот шести последователен ЕХФ ЕУРО со посебна приказна: легендарниот играч Кирил Лазаров, кој се уште е важен дел од тимот на ХБЦ Нант и во репрезентацијата како десен бек, ќе биде селектор и играч.

Иако имаа слаби перформанси на Светското првенство лани завршувајќи на 23-то место без победа, Македонија се уште верува дека може да биде успешна на Еуро 2022. И со Лазаров, линискиот играч Стојанче Стоилов и голманското дуо Мартин Томовски и Никола Митревски меѓу четата, може да бидат тврд орев.

Лазаров има јасна визија за својот тим и за стилот на игра. На младите играчи ќе им се даде шанса да се докажат, но и Македонија може да смета на искусни старешини во клучните моменти. Оваа комбинација може да се покаже корисна, бидејќи Македонија сака да го остави зад себе разочарувањето од 2020 година – кога не успеаја да напредуваат во главната рунда за прв пат на ЕХФ ЕУРО“.

ЕХФ пишува за Кирил Лазаров и Филип Миркуловски, тренерскиот тандем на кормилото на Македонија. Добро е позната љубовта на Кире кон ракометот и Македонија, а додавањето на Филип ќе донесе нешто дополнително.

„Двојката има посебна врска со репрезентацијата и тоа заедно со нивната тактика и искуство поставува добра основа за ракометната иднина на Северна Македонија. Подмладениот тим ќе има тешка задача во Дебрецен да се пласира во главната рунда против фаворитите за медали Данска, самоуверената Словенија и Црна Гора. Сепак, Лазаров сигурно ќе им даде можност на своите млади играчи да покажат од што се направени. Внимавајте особено на централниот бек Марко Мишевски и десното крило Ненад Костески“, пишува ЕХФ.

Европската куќа на ракометот со восхит пишува за Лазаров кој со своите 42 години се уште е во европскиот врв и е способен за уште голови. Но, сега ќе биде под лупа на јавносста поради неговите тренерски способности.

Овој EHF EURO 2022 е шести по ред и седми вкупно за Македонија. Во 34 меча имаме осум победи, шест завршиле нерешено, а сме загубиле на 20. Најдобар резултат ни е петтото место во 2012 на ЕП во Србија.

Извор и фото: ehfeuro.eurohandball.com/

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1