ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/3/22 4:02 PM

Холандската полиција брутално ги растури протестите против епидемиолошките мерки

Интервентна полиција опремена со пендреци и штитови растера неколку илјади луѓе собрани на протест против епидемиолошките мерки и вакцинацијата против ковид во Амстердам.

Градончалничката Фемке Халсема издала наредба до полицијата да го „исчисти“ плоштадот откако демонстрантите ја прекршиле забраната за собирање на јавно место.

Најголем дел од демонстрантите не носеле маски и не одржувале дистанца, а ја игнорирале и забраната за собирање на главниот плоштад.

Холандија инаку изненадно воведе локдаун на 19. декември кога владата донесе одлука за забрана за работа на продавниците, освен оние кои се неопходни, рестораните, фризерски салони, теретаните, музеите и останатите јавни места до 14 јануари, со цел да се спречи ширењето на омикрон.

 

извор:Н1


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1