ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/3/22 7:30 PM

„Уште кога се запознавме имаше некој знак во воздухот“ – Фудбалската легенда Илчо Наумоски ја запроси девојка си Сара, ракометарка од Србија

-Играта заврши, напиша пред неколку дена фудбалската легенда Илчо Наумоски (38) и обзнани дека ја побарал раката на неговата девојка во Крушево.

За оние што го знаат поранешниот репрезентативец, Илчо беше вистинско изненадување што познатиот ерген конечна клекна на колена и падна пред убавината на Сара Станковски (28) од Ниш, ракометарка, која во моментов игра во Ле Хавре, во Франција, каде, годинава колку што се заедно живеат заедно.

Која е Сара, која му го зароби срцето, кога и како почна нивната љубовна приказна за ММС раскажа Илчо и најави свадба најверојатно на лето, во зависност од мерките и од пандемијата.

-Кога ќе ја запознаеш жената, која едноставно ти одговара, тогаш играта навистина заврши. Со Сара се прифативме такви какви што сме, свативме дека сме создадени еден за друг.  Не беше љубов на прв поглед, но уште кога се запознавме се појави хемија мегу нас. Не знам, некој знак имаше во воздухот, вели Наумовски.

Илчо решил заедничката животна приказна со Сара да ја почне токму од Крушево, ниту во Виена, каде е со адреса на живеење, ниту во Ниш, ниту, пак, во Франција или Прилеп.

-За мене Крушево е најмакедонски град, најсвето место ми е. Дедо ми е роден во Крушево, но останал сираче и го донеле во Прилеп, каде се родил татко ми и така сме останале прилепчани. Затоа за мене Крушево е светиња.  Со помош на другарка и организирав се. Прстен барав неколку недели, додека да го изберам вистинскиот. Сакав да го погодам, бидејќи Сара поради ракометот има специфични раце.  Затоа ми помогна другарка и, која исто така е ракометарка. А не знав и дека на времето, кога сопругот на другарка и ја побарал за жена, токму Сара му помагала. Сега таа и возврати. Јас сум тип кој многу се шегува и кога клекнав да и ја побарам раката и требаше време Сара да ми поверува, вели Илчо.

Сара има македонско потекло, поточно нејзиниот дедо потекнува од Куманово, но бидејќи бил пилот,  добивал прекоманди во поранешна Југославија и со семејствто одлучил да остане да живее во Ниш, каде се родил и татко и. При едно патување за Грција на Сара и искрснале некои проблеми, па место да го продолжи патот требало да се врати за Ниш. Пред да се врати решила да го посети Скопје и со другарките да се напијат кафе. Токму кафулето каде седнале било судбоносно, бидејќи таму бил и Илчо. Но, тогаш ниту едниот ниту другиот не сонувале дека само по една година заеднички ќе прават планови за иднината.

-Сара е помлада од мене 10 години. Мислам дека граница за разлика меѓу маж и жена треба да биде од 5-10 години. Тоа е некое мое лично мислење.  Се што е повеќе не е убаво. Но, кога прв пат се сретнавме ништо не знаевме еден за друг и ништо од ова не беше важно. Јас случајно бев во кафулето каде се запознавме. Шансите дека дружбата меѓу нас ќе продолжи и по седењето во кафулето беа речиси минимални. Но, кога најмалку се надеваш, тогаш се случуваат работите.  Се тргна така случајно. По таа средба јас како послободен отидов кај неа во Ниш. По неколку месеци таа потпиша договор во клуб во Франција и се пресели таму. По, некое време и јас се преселив кај неа во Ле Хавре. Но, морам да признам дека на стартот се појави хемија од двете страни и едноставно тргна. И стасавме до планови за заеднички живот, ни рече Илчо.

(В.М.)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1