ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/3/22 1:45 PM

Почина Марјан Додовски, поранешен министер за животна средина и функционер на ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-НП

Синоќа на државната клиника починал Марјан Додовски, професор на Природно-математичкиот факултет на отсекот географија и поранешен министер за животна средина.

Веста за неговата смрт ја соопшти неговата поранешна сопруга Иванка Василевска која е актуелан пратеничка во Собранието.

„Марјан беше голем и посветен борец за Македонија, прв министер за животна средина и просторно планирање на ВМРО-ДПМНЕ, во својата плодна кариера извршуваше бројни партиски и државни функции но, пред се и најважно од се тој беше татко на мојата, на нашата Марија Додовска. Не остави во голема жалост, а Македонија изгуби голем човек.

Марјан почивај во мир!“, напиша Василевска.

Додовски беше пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието од 2006 до 2008 година. Во октомври 2009 година е избран за претседател на ВМРО народна, а од февруари 2012 година се врати во ВМРО-ДПМНЕ.

фото: МИА

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1