ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/3/22 1:00 PM

Инфлаторен шок во Турција, цената на струјата за домаќинствата скокна за 50 отсто, а на гасот за 25 отсто

Во саботата, на првиот ден од 2022 година, Турците беа шокирани од поскапувањето на струјата и бензинот и на социјалните мрежи изразуваат незадоволство. Пред полноќ беа објавени вестите за повисоки цени на енергијата и бензините, патарините и автомобилското осигурување.

Струјата за домаќинствата во 2022 година поскапе за 50 отсто, а за индустријата за дури 125 отсто, соопшти Агенцијата за регулирање на енергетскиот пазар, објаснувајќи дека цените на енергенсите на светскиот пазар поскапеле. Цената на природниот гас скокна за 25 отсто за домаќинствата и 50 отсто за индустријата, соопшти националниот дистрибутер БОТАС.

Куповната моќ на турските потрошувачи се намалува поради инфлацијата која порасна за повеќе од 21 отсто и падот на вредноста на турската лира по серијата намалувања на каматите.

Во Истанбул, малопродажните цени се зголемија за речиси 35 отсто во декември во однос на претходната година, што е најмногу во последните години, соопшти Стопанската комора на Истанбул. Новите поскапувања дополнително ќе ја зголемат инфлацијата. Турската лира ослабе за речиси 45 отсто во однос на американскиот долар за една година.

Зголемените цена беа критикувана од опозицијата: „Ердогане… ги терате луѓето да ги проголтаат огромните зголемувања на цените на почетокот на новата година“, коментираше на Твитер лидерот на главната опозициска ЦХП (Републиканска народна партија) Кемал Киличдароглу.

извор: seebiz.eu


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1