ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/3/22 10:20 AM

„Не планирав да се омажам за Тома“ – Гордана Здравковиќ откри детали за кои јавноста никогаш не дознала

Филмот „Тома“ ја донесе приказната за животот на легендарниот боем Тома Здравковиќ и драмата изврши силно влијание и врз македонската публика.

Но, филмот во прв план стави многу луѓе од опкружувањето на Тома. Една од личностите кои предизвикаа внимание е неговата сопруга Гордана со која ги помина последните 18 години од животот.

Гоца со години живеела во Торонто и таму го запознала славниот пејач. Немала поим како нивното пријателство ќе се одвива.

– Не размислував за неговата слава, затоа што не планирав да се вратам во Србија. А, не планирав ниту да се омажам за него – рекла за „Хело“ при нејзиниот последен престој во Белград.

“Во Србија доаѓам секоја година. Додека свекрвата ми беше жива редовно одев во Печењевац да ја бидам. И после нејзината смрт го посетував нејзиниот гроб. Таа беше прекрасна жена која цел живот го подреди на децата и внуците. Тома беше силно поврзан со мајка му, најмногу ја сакаше од сите“, откри Гоца.

За нејзиниот живот пред Тома малку се знае, а Гордана откри детали од својот живот.

– Родена сум во Велики Црљени кај Лазаревац. Јас сум дете од село и секогаш сакав да работам, тоа ми беше задоволство. Ни денес не ми е ништо тешко. Како дете сакав да бидам стјуардерса, да патувам и да го видам светот. Но бев многу слаба за таа професија. Се запишав на техничко училиште кое ме не интересираше. Таа година дојде брат ми од Канада и ме зема со него. Таму си ветив дека ќе бидам сам свој газда. Завршив за фризерка, отворив салон и тука се пронајдов. Ништо не ми беше тешко – додаде Гордана.

Извор: Mondo.rs

Фото: KURIR / MARINA LOPIČIĆ

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1