ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/2/22 6:30 PM

Јапонски научници развиваат вакцина против Ковид-19 со доживотно дејство

Експерти од Институтот за медицински науки во Токио, предводени од професорот Мичинори Кохара, работат на развој на вакцина против коронавирус, која обезбедува доживотен имунитет, објави Џапен тајмс (Japan Times).

Таа се заснова на вакцината против сипаници, која била развиена во 18. век од британскиот лекар Едвард Џенер. Благодарение на неа, фаталната болест беше надмината. Целта на јапонските научници е да создадат рекомбинантен вирус на вакцина, кој содржи протеин на вирусот САРС-КоВ-2.

Според Кохара, лековите кои го користат векторот на вирусот против големите сипаници се „најмоќни од сите”. Според него, овој тип на вакцина има малку несакани ефекти и не бара посебни методи на транспорт и складирање. Одделно, создавањето на вакцина со доживотна ефикасност може да му овозможи на светот да се избори против Ковид-19.

Експерименти со глувци, користејќи го рекомбинантниот вирус на вакцина што го кодира генот на птичјиот грип, покажуваат високи нивоа на антитела кои опстојуваат повеќе од 20 месеци. Јапонскиот производител на лекови Нобелфарма се очекува да спроведе клинички испитувања во фаза I и Фаза II на вакцината на Кохара во првата половина на 2023 година.

Претходно, научници од Универзитетот во Вашингтон открија висока ефикасност на РНК вакцините против Ковид-19.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1