ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/2/22 8:00 PM

Фудбалска судијка од Холандија си фати дечко од лигата каде што суди

Необична вест стигна од Холандија каде што најпознатата фудбалска судијка и бивша фудбалерка Шона Шукрула ја објави врската со фудбалер кој настапува во првенството во кое таа ја дели правдата.

Таа прва жена судија во Холандија со значката на ФИФА за прва категорија на судија. Во текот на кариерата ја делеше правдата во Лигата на шампионите а жени, а наскоро може да стане и првата жена која судела во холандската Ередивизија.

На својот Инстраграм профил Шона објави фотографии со Џеф Хардевелд, играч на второлигашот Емен, а токму во Втората лига на Холандија суди и Шона.

Под фотографиите имаше многу честитки, но и пораки од оние кои сметаат дека објавата не е професионална затоа што тоа може да влијае Шона да не биде делегирана за судење на натпреварите на Емен за да не ги суди  мечевите на нејзиниот дечко.

Пина има 30 години, а Џеф е четири години помлад од неа.

 

Извор: Mondo.rs

Фото: voetbalverslaafd.nl/Instagram


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1