ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/2/22 5:30 PM

Лекарот од „Тома“ ја расплака македонската јавност! Сопругата на Тома Здравковиќ ја откри вистината за Алекса

Македонската публика синоќа имаше можност за првпат на телевизија да го погледне филмот за легендата на народната српска музика Тома Здравковиќ, „Тома“, а после премиерата на Македонската телевизија, социјалните мрежи беа преплавени со коментари за лекарот Алекса Хаџипоповиќ кој маестрално го одигра Петар Бенчина.

Приказната за доктор Алекса многумина растажи, а емотивниот момент кога Тома и ја пее на неговата сопруга која боледува од рак, познатата песна „За Лилјана“ ја расплака цела Македонија!

Сопругата на Тома, Гордана, откри во една прилика се за лекарот чија животна приказна ги растажи сите и истакна дека тој навистина постоел, но било поинаку во реалниот живот.

– Не е вистина дека тој не постоеше. Доктор постоеше и со него Тома неколку пати одеше на патувањата. Тој е доктор од ВМА, Русин. За Тома се грижеа пет лекари и во тој момент некои работи се додадени. Докторот беше и куќен пријател и секогаш беше до Тома и надвор од болницата. Во филмот е малку поразлично затоа што всушност докторот беше тој што почина – рече Гордана.

Извор: Mondo.rs

Фото: РТС


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1