ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/1/22 1:11 AM

На битолчани им преседна Нова Година

На неколку часа пред дочекот на Нова Година Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 25 возачи.
-Од нив 22 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а три надвор од населено место. При тоа спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на СВР Битола, при што санкционирани се шест возачи, информираат од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1