ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/31/21 9:09 AM

Инспекторатот за труд од 2 јануари на терен, законот за недела неработен ден, стапува на сила

Државниот инспекторат за труд соопшти дека со влегувањето во сила на законските измени и дополнувања на Законот за работни односи за недела неработен ден, од 2 јануари ќе воспостави дежурства во недела по региони, на кои работниците можат да пријават доколку им се прекршени правата во врска со работата во недела.

„Се известуваат сите работодавачи дека од 01.01.2022 година влегуваат во сила измените и дополнувањата на Законот за  работните односи (Сл. Весник на РСМ бр.288/2021) со кои во член 134 став 2 е  регулирано  дека,  „ден на неделен одмор е недела“, потсетуваат од Инспекторатот.

Измените и дополнувањата на Законот за  работните односи (Сл. Весник на РСМ бр.288/2021) можете да се најдат на  линкот: https://dit.gov.mk/?page_id=624

и Правилниците кои произлегуваат од измените и дополнувањата на законот, може да се најдат на  линкот: https://dit.gov.mk/?page_id=622

Работниците кај работодавачите од трговија на големо и мало, денот на неделен одмор го користат во согласност со Законот за изменување и допoлнување на Законот за трговија (Службен Весник бр.295/2021), кој може да се најде на линкот: https://dit.gov.mk/?page_id=624

Пред започнување на вршење на работа во недела, работодавачите се должни да го известат Државниот инспекторат на труд на пропишан образец- Известување за вршење работа во недела, кој може да се најде на веб страницата на Државниот инспекторат за труд на  линкот: https://dit.gov.mk/wp-content/uploads/2018/02/%D0%9E%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B5%D1%86-izvestuvanje-za-rabota-vo-nedela.pdf

Известувањето за вршење работа во недела, работодавачите можат да го достават електронски  на   меил адресата: rabotavonedela@dit.gov.mk  или во архивите на подрачните одделенија на ДИТ како и во централната архива во седиштето на ДИТ на бул. Партизански одреди бр.48А, Скопје.

Дополнителни информации за подрачните одделенија, регионите и контакт информации и телефонските броеви на инспекторите по подрачни одделенија можете да добиете на линкот: https://dit.gov.mk/?page_id=192

„Со влегувањето во сила на законските измени и дополнувања, Државниот инспекторат за труд воспоставува дежурства во недела по региони. Ги охрабруваме сите работници  на кои ќе им бидат прекршени нивните права во врска со  работата во недела, спротивно на законските прописи, да пријават во Државниот инспекторат за труд, се наведува во соопштението од Инспекторатот.

Пријавувањето може да се направи на неколку начини: на веб страницата на ДИТ   (https://dit.gov.mk/ ) анонимно или како пријава од познат подносител, со поднесување на пријава во архивите на подрачните одделенија и во централата на ДИТ од понеделник до петок од 8.30 до 16.30, преку кол центарот повикувајќи го бројот 15131 од понеделник до петок од 8.30 до 16.30, и во недела почнувајќи од 2 јануари 2022 година од 8.30 до 16.30 часот на дежурните инспектори по региони (информации со податоци за дежурни инспектори во неделите во месец јануари 2022 можете се добие на линкот: https://dit.gov.mk/?p=9833

„Со ова известување Државниот инспекторат за труд сака уште еднаш да нагласи дека при инспекциските надзори приоритет ќе биде доследната примена на овие законски норми, а со цел заштита на правата на работниците,“ стои во соопштението од Државен инспекторат за труд.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7