ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/29/21 7:30 PM

Левандовски е најдобар спортист во 2021 во избор на спортските новинари

Јамајканската атлетичарка Елејн Томсон – Херах и полскиот фудбалер Роберт Левандовски се прогласени за најдобри спортисти во 2021 година во избор на Меѓународното здружение на спортски новинари (AIPS).

Ова е прва награда во изборот на AIPS за Томсон, која на Летните олимписки игри во Токио освои три златни медали, на 100 и 200 метри, како и во штафетната трка 4×100.

За најдобра екипа во изборот на 529 новинари од 114 држави е прогласена фудбалската репрезентација на Италија, која триумфираше на ЕУРО2020, додека наградата за најдобар прес-центар ја доби Токио 2020.

МИА

фото: Twitter


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7