ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/28/21 12:16 AM

Новата влада Ковачевски ја најави до 18 јануари

Јас сум оптимист дека новата влада ќе ја избереме од средината на јануари до 18-ти јануари, најави на вечерашната прес конференција новиот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, кој да доби довербата со сопартијците да состави нова влада.

-Прва задача на новото раководство е да состави нова влада. Пред новата влада стојат предизвици за менаџирање на енергетската криза, економската криза предизвикана од пандемијата, како и продолжување на интеграцискиот процес и преговорите со соседна Бугарија. Јас верувам дека можеме да ги надминеме сите овие предизвици со стабилна влада, која има мандат до 2024 година, изјави Ковачевски.

Тој кажа дека во тек е усогласување на програмата со како што рече, најдобрите проекти на СДСМ и коалициските партнери.

-Во моментов ја усогласуваме програмата што ќе ги содржи најдобрите проекти и предлози на СДСМ и коалициските партнери. Веднаш потоа треба се посветиме и на ефикасна реализација, бидејќи што поефикасно работиме и го почитуваме заемниот договор, постабилна ќе биде Владата.
Новата Влада ќе стави силен фокус на економијата но ефикасна реализација на програмата и капиталните инвестиции. Насочени сме кон остварување двојно повисоки стапки на економскиот раст и покачувањето на платите. Трудот на работникот мора да се цени и вреднува. Финансиската поддршка за сите граѓани и за компаниите ќе продолжи и ќе се зголемува. Како што ќе се креираат мерките за интервенција поврзани со енергетската криза, за заштита на здравјето и помош во услови на пандемија, така ќе се моделира и засилената финансиска поддршка, рече Ковачевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7