ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/27/21 10:19 PM

Момче посака гитара, Путин му подари стан: „Подобро да свириш во своја соба“

Одекна веста дека претседателот на Русија, Владимир Путин, му помогнал на семејството на момче кое сонуваше само за гитара, да го реши станбеното прашање, што е во рамки на кампањата „Елка на желби“.
Четиринаесетгодишниот Марк Кобљенјев од московската област, сакал да набави гитара за Нова година, но претседателот Путин во разговор со неговата мајка Надежда, дознал дека тие двајца живеат со пријатели, односно во семејство со неколку деца.
Според РИА Новости, Владимир Путин ветил дека ќе разговара со шефот на регионот со цел да им помогне на момчето и неговата мајка, како и на оние кои им обезбедиле засолниште. Денеска беше решено станбеното прашање на Марко и Надежда, а по тој повод момчето беше повикано лично од претседателот.

https://www.youtube.com/watch?v=3m9VB38P9T4&t=36s

„Добивте гитара. Ќе треба да вежбате. Мислев дека ќе биде подобро да имате своја музичка соба“, му рече Путин во телефонскиот разговор.
Марк Кобљенјев му ветил на претседателот дека ќе научи да свири гитара и да му пее песна.
„За мене? Благодарам. А која“, се заинтересирал Путин, а момчето одговорило дека тоа ќе биде песна на рускиот уметник Владимир Висоцки, наречена „Висина“.
Акцијата „Елка на желби“ се одржа од 15 ноември до 15 декември годинава. Во рамките на руската хуманитарна акција се исполнуваат желбите на децата со посебни потреби, децата со попреченост и деца без родители или децата од семејства со ниски приходи.

извор и фото : mondo.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7