ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/27/21 7:00 PM

Лебот е здрав и не дебелее, само да не се претерува, советуваат нутриционистите

Во последните неколку децении се веруваше дека лебот не е здрав и треба да се избегнува во широк опсег, особено за време на диети. Меѓутоа, нутриционистката Маја Асталош открива каков леб може да се јаде без тронка размислување.
„Лебот е непотребно озлогласен, секако интегралниот. Проблемот е што мачкаме на леб, затоа што практикуваме да ставаме празни калории или непотребни шеќери. Многу е важно да не претерате, едно парче со оброкот е сосема доволно, бидејќи 100 грама леб има само 70 калории и тоа е сосема во ред за нашиот организам“, вели таа.
Додава дека сите семки се здрави, кои за жал досега не беа популарни. Тие се извор на добри масла кои му даваат бројни придобивки на нашето тело. Секако, и во овој случај не треба да претеруваме, посочува Асталош, туку бадемите, лешниците, чии семките и сите останати семки му даваат бројни придобивки на организмот.
За автофагијата, начин на исхрана кој многумина го користат како диета, а што значи 16 часа без храна, Асталош вели дека е таа добра за млади и здрави луѓе, но е опасна за дијабетичарите. „Дефинитивно се согласувам дека три часа пред спиење не треба да се јаде и дека секогаш треба да бидат лесни оброци. Но, честопати избегнувањето храна, исто така, може да биде штетно за метаболизмот и да доведе до инсулинска резистенција. Тоа може да биде и вовед во дијабетес и за жал некои луѓе никогаш не се враќаат во претходната состојба. Секогаш велам дека е важно да имате умереност, да се опкружувате со позитивни луѓе и да бидете насмеани“, вели таа.

извор: Kurir.rs

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7