ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/26/21 9:47 PM

Приведено момче кое со самострел упадна во замокот Виндзор, додека кралицата Елизабета беше таму на Божиќ

Момчето кое е пронајдено на имотот Виндзор со самострел било задржано според британскиот Закон за ментално здравје, соопштува тамошната полиција.

Како  што пренесува „Би-Би-Си“, се работи за 19 годишник од Саутемптон бил уапсен на Божиќ.

Се наведува дека момчето било застанато во рок од неколку секунди откако влегол во кругот на замокот, а и воопшто не влегол во ниедна зграда. При претресот кај него бил пронајден самострел.

Момчето првобитно било уапсено поради неовластен упад на заштитено место, како и поради поседување на оружје.

Кралицата Елизабета инаку била во дворецот Виндзор во моментот, иако вообичаено Божиќ го поминува на имотот во Норфолк.

Полицијата наведува дека кралската полиција е известена за инцидентот, а истрагата ќе биде продолжена со цел да се увидат сите околности на инцидентот.

 

извор:Н1


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7