ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/24/21 12:05 PM

Со вложени 21,5 милиони евра, животот го осигурале над 242.000 граѓани

Вложувањата во животно осигурување во деветте месеци од годинава се зголемени за 12 отсто во споредба со истиот период лани и достигнаа 1,32 милијарди денари (21,5 милиони евра). Повеќе од 242.000 граѓани имаат полиса за осигурување живот заклучно со крајот на септември годинава, покажуваат податоците на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).
Од јануари до септември пет компании за животно осигурување склучиле над 39.000 договори. Осигурувањето живот нуди можност вложените средства да се штедат и по истек на рокот на полисата да му бидат исплатени на осигуреникот. Во осигурување живот со штедна компонента во првите девет месеци годинава се вложени 13,6 милиони евра, посочуваат од АСО, а во класичното животно осигурување кое покрива ризик смрт во овој период, се вложени 3,9 милиони евра.
Нагласуваат дека во деветте месеци петте осигурителни компании по сите основи исплатиле штети во вкупна вредност од 6,5 милони евра, од што при смртни случаи на осигуреници на нивни блиски лица и членови на семејства покриени со „ризико осигурување“ се исплатени 590.000 евра.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7