ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/23/21 1:43 PM

Новогодишен фестивал и базар • 23, 24 и 25 декември 2021

Петта година го организираме нашиот Новогодишен фестивал и базар! Новогодишниот фестивал и базар ќе се одржи на 23, 24 и 25 декември, секој ден од 17:00 до 22:00 часот на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, Киноверзум и Ресторан „Златна Москва“ во Св. Николе.

Со најбогата програма досега, годинава ќе ги прикажуваме и најновите филмски хитови во нашето 3D кино – Киноверзум. Подготвуваме разни типови на забавни активности, повеќе фото-зони, вечер на вино и уметност, како и театарски претстави. Влезот на базарот е бесплатен, но за некои од активностите ќе се наплаќаат влезници.

На фестивалот ќе биде организиран новогодишен базар со магични дрвени куќички, рачно изработени празнични декорации, книги, варено вино и можност за организација на фамилијарна празнична вечера со избор од три менија со традиционални македонски специјалитети.

24.12.2021 – Уметничка работилница: Зимска бајка

Настанот е организиран согласно протоколите и мерките за заштита од Ковид-19.

Банер за Супер7
1x1