ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/21/21 10:30 PM

За осум осомничени 30 дена притвор, за еден осумдневен притвор, соопштија од Основен кривичен суд

Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, пред судија на претходна постапка денеска беа спроведени девет лица осомничени, дел за кривичното дело криумчарење, а дел за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

– По произнесување на надлежниот јавен обвинител и осомничените во присуство на нивните бранители во однос на предлогот, судија на претходна постапка донесе решенија со кои го прифати предлогот и на осум од осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека на
еден од осомничените му определи мерка притвор во траење од осум дена со оглед да против истиот е поднесен предлог во скратена постапка, соопштија вечерва од Основен кривичен суд Скопје.

Според решенијата за определување мерка притвор, се наведува во соопштението, судот сметал дека се исполнети условите од чл. 165 ст.1 т 1. 2. и 3. од ЗКП односно дека кај осомничените постои опасност од бегство, можност да влијаат врз сведоците или да ја попречат истарагата и опасност да го повторат делото.

Против овие решенија, странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7