Фудбалерите на ПСЖ за роденденот му подарија на Мбапе дрес со бројот 2050
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/21/21 9:43 AM

Фудбалерите на ПСЖ за роденденот му подарија на Мбапе дрес со бројот 2050

Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе вчера го прослави својот 23. роденден. Францускиот играч од соиграчите во парискиот клуб, на гала вечерта доби подарок дрес со бројот 2050. На тој начин тие го навестија продолжувањето на договорот на Мбапе.
Претходно спортскиот директор на ПСЖ Леонардо изјави дека би сакал Мбапе целиот свој живот да го помине во париски клуб.
Оваа сезона Мбапе на 23 натпревари постигна 13 гола и забележа 14 асистенции.
Минатите две години Французинот постојано се поврзуваше со други клубови, а во еден период тој самиот им соопшти на претпоставените дека сака да замине во Реал Мадрид.

МИА

Фото: footballml.com/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7