ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/15/21 1:39 PM

Ќе има нови мерки за поддршка на загрозените граѓани во енергетската криза, вети Бесими

Владата презема низа мерки за ублажување на ценовниот ефект од енергетската криза и од јануари догодина, нема да има значајно зголемување на цената на електричната енергија. Колку ќе изнесува цената на струјата по 1 јануари, ќе одлучи Регулаторната комисија за енергетика, според прикажаните биланси на енергетските компании. Во рамки на Програмата за поддршка на социјално загрозените категории во земјата, каде се вклучени околу 35 илјади семејства и девет илјади пензионери со пониски пензиски примања, предвидена е помош за енергенси, односно за електрична енергија од 1.000 денари месечно, за што во рамките на МТСП веќе има предвидено средства.

„Покрај тоа, Министерството за економија во координација со МТСП и Светска банка разговара за соодветно дизајнирање дополнителни мерки во рамките на овој предвиден буџет“, рече министерот за финансии, Фатмир Бесими на денешната прес конференција.
Тој додаде дека Владата постојано ги следи случувањата на европскиот енергетски пазар и како тоа се одразува врз цените, така ќе се креираат соодветни реакции. Потсети дека за зголемување на сопствено производство на струја, се направи долнителна набавка на јаглен, а се вклучи во употреба и ТЕЦ Неготино.

„Во буџетот за 2022 година предвидени се дополнителни 10 милиони евра за докапитализација на ЕСМ, а се проширува и програмата во опфатот за антикризни ковид и други кризи во земјата, за што се резервирани околу 90 милиони евра. Дополнително се предвидени 30 милиони евра во Програмата за зелен развој“, рече Бесими во одговор на новинарско прашање.
Цената на чинење во овие домашни производни капацитети во оваа фаза, според него, е се уште  пониска од цената на електрична енергија на светските пазари.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1