ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/14/21 11:16 PM

Голема акција на МВР на влез на Скопје – приведени неколку лица

Во близина на Скопје, вечерва МВР во голема полициска акција заплени на 100 килограми марихуана.

МИА дознава дека освен заплената дрога, во акцијата има и преведени лица.

Акцијата се спроведува на влезот на Скопје, од страна на Тетово.

Од МВР само потврдуваат дека ваква акција е во тек, а детали најавуваат по нејзиното завршување, во текот на утрешниот ден.

Ова е втора голема заплена на марихуана во период од два дена, откако МВР и во текот на вчерашниот ден заплени околу 100 килограми марихуана.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7