Одбиена жалбата на Мерцедес, потврдeнa титулата на Верстапен
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/13/21 9:18 AM

Одбиена жалбата на Мерцедес, потврдeнa титулата на Верстапен

Жалбата која германскиот тим во Формула 1, Мерцедес, ја поднесе по вчерашната трка во Абу Даби и спектакуларната завршница во која Макс Верстапен (Ред Бул) го победи Луис Хамилтон и стана светски првак, е одбиена.

Како што е соопштено од раководството на трката, холандскиот возач не го прекршил правилникот на трката.

Во финишот на трката, во време додека на патеката беше безбедносното тркало, Верстапен имаше забрана за претекнување, но таа одлука беше повлечена со влегувањето во последниот круг во кој Холанѓанецот на драматичен начин го мина Хамилтон и стана 34. светски првак во историјата на Формула 1.

МИА

фото: autosport.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7