ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/13/21 7:57 AM

(Видео) Уништени животи, домови, бизниси- Мала надеж дека ќе се најдат уште преживеани од торнадото во САД

Американскиот претседател Џо Бајден прогласи состојба на голема катастрофа во Кентаки, откако во петокот серија смртоносни торнада ја погодија сојузната држава, изјави претставник на администрацијата. Таквата одлука го отвора патот за дополнителна федерална помош.

Донесување таква одлука вчера официјално побара гувернерот на Кентаки, Енди Бешер.

Гувернерот оцени дека торнадата се најразорните во историјата на државата, наведувајќи дека се уништени и најцврстите згради.

Спасувачките служби во Кентаки вчера ги пребараа урнатините во потрага по преживеани, а властите стравуваат дека повеќе од сто луѓе загинале и предупредуваат дека има мала надеж да се најдат уште преживеани по разорните торнада кои однесоа животи во најмалку пет држави. Најголема штета претрпе гратчето Мејфилд во југозападниот дел на Кентаки, каде живеат 10.000 луѓе – куќи срамнети со земја или оставени без покрив, откорнати огромни дрвја, уништена фабрика, пожарна и полициска станица.
МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7