ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/12/21 6:49 PM

Забрана за тешки моторни возила на патните правци Крак Маврово – Жировница и Тетово – Попова Шапка

АМСМ соопшти дека се воведени забрани за движењето на тешки моторни возила на патните правци Крак Маврово – Жировница и Тетово – Попова Шапка, каде дополнително забраната важи за камиони и автобуси, а за останатите е задолжителна употребата на зимска опрема.

Според АМСМ, поради одрон на патот прекинат е сообраќајот на патниот правец Македонски Брод – Скопје кај селото Близанско за сите возила.

Патниот правец Р1402 село Мокрино – село Смолари во општина Ново Село, пак, е непрооден поради поплава.

Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на некои повисоки места и со наместа остатоци од кашест снег. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

АМСМ

foto-arhiva


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1