ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/12/21 3:13 PM

Левица не го блокираат законското решение за неделa неработен ден

Политичката партија Левица ги демантира тврдењата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска која на вчерашната прес-конференција изјави дека Законот за недела неработен ден се блокира од страна на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Левица.

„ Во немоќ да ја оправдаат својата неспособност, СДСМ во неколку наврати безобразно манипулираат дека Левица ги блокира измените за воведување за недела неработен ден. Ја известуваме јавноста дека се работи за предлог-законско решение кое сè уште не е ставено на дневен ред во Собрание, додека нашите пратеници не се дел од матичната Комисија – па оттаму, се работи за уште една лага на делегитимираната владејачка клика. Јасно е дека СДСМ намерно го пролонгира ветувањето, кое требаше да стане реалност од први октомври, како што најави претседателот во оставка, Зоран Заев, се вели во соопштението од Левица.

Од партијата додаваат дека новина е тоа што надоместокот од два проценти од вкупниот приход остварен минатата година во недела и на празници, што ќе треба да го плаќаат работодавците ако сакаат да вршат дејност во недела, всушност е придобивка за полнење на Буџетот, во отсуство на каква било економска стратегија и визија на власта.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1