ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/11/21 4:17 PM

Регистрирани 377 нови случаи на ковид-19, оздравеа 307 пациенти, починаа 12 болниа

Во последните 24 часа од 3.608 тестирања, регистрирани се 377 нови случаи на ковид-19, од кои 164 во Скопје. Оздравеле 307 пациенти, а починале 12 лица, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Новозаразените се од Скопје – 164, Кавадарци – 31, Прилеп – 30, Битола – 24, Охрид – 16, Велес – 15, Куманово – 11, Штип – 10, Кичево – девет, Тетово – седум, Струмица и Крива Паланка – по шест, Радовиш и Валандово – по пет, Гостивар, Гевгелија, Неготино, Делчево и Богданци – по четири, Свети Николе, Ресен и Кратово – по три, Кочани, Македонски Брод и Македонска Каменица – по два, Струга, Пробиштип и Крушево – по еден.
Во Скопје оздравеле 155 пациенти, во Охрид – 23, Прилеп – 20, Кавадарци и Куманово – по 17, Битола – 13, Делчево – 10, Струга – осум, Велес и Ресен – по пет, Штип, Струмица, Валандово и Кочани – по четири, Гевгелија – три, Тетово, Свети Николе и Пехчево – по два, Кичево, Радовиш, Неготино, Богданци, Кратово, Македонска Каменица, Берово, Демир Хисар и Дојран – по еден.
Пет лица од починатите се од Скопје на 63, 82, 85, 85 и 87-годишна возраст и по едно починато лице од Куманово (61г), Охрид (58г), Битола (67г), Штип (66г), Струмица (62г), Крива Паланка (78г) и Виница (69г). Сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице со датум на смрт 6 декември 2021. Регистрираното лице е од Скопје на возраст од 92 години, кое починало во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.500.087 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 219.100, бројот на оздравени пациенти е 205.700, на починати е 7.723, а на активни случаи изнесува 5.677.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1