МРТ го објави конкурсот за избор на песна за Евросонг 2022, претставникот ќе се бира на натпревар, а ќе гласа и публиката - ММС
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/11/21 12:00 PM

МРТ го објави конкурсот за избор на песна за Евросонг 2022, претставникот ќе се бира на натпревар, а ќе гласа и публиката

Македонската радио телевизија го објави конкурсот за избор на претставник и композиција со која Северна Македонија ќе настапи на Евросонг 2022 година во Торино, Италија. Конкурсот е отворен до 16 јануари 2022 година. Од МРТ информираат и дека од оваа година се напушта стариот модел на избор на евровизиски претставник – интерен избор на еден пејач и песна, и дека сега ќе се организира натпревар на кој ќе се отпеат шест компизиции. За победникот подеднакво ќе решава публиката и меѓународно стручно жири.

„Од сите пристигнати композиции на конкурсот, МРТ ќе ги избере најдобрите, но не повеќе од шест. Избраните композиции ќе ѝ бидат јавно презентирани на публиката, која по пат на транспарентно гласање ќе учествува во изборот на нашиот претставник за Евросонг 2022. Резултатот од гласањето на публиката ќе обезбеди 50 отсто од вкупните гласови, а преостанатите 50 отсто ќе бидат обезбедени од меѓународно стручно жири“, информираат од  МРТ.

Право на учество на конкурсот имаат сите изведувачи и автори-државјани на Македонија. Според правилата на ЕБУ, предлог-композициите задолжително се во траење до најмногу 3 минути и во ниту еден случај не смеат да бидат претходно објавени или јавно изведени.

На победникот ќе му бидат доделени 2.000 евра, за финална постпродукција и на новиот концепт за изборот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7