ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/9/21 1:48 PM

Сино-виолетовата нијанска „Very Peri” е новата боја на годината

Додека луѓето на крајот на 2021 година размислуваат за она што се случило изминативе 12 месеци, светскиот авторитет за бои – Центарот за истражување и податоци за бојата „Пантон” (Pantone), вчера ја избра „бојата на 2022 година”. Всушност, тие овојпат ја создадоа бојата на годината.

Таа е наречена „Very Peri”. Оваа сино-виолетова нијанса е опишана како „динамична сина нијанса на малата винка (билката vinca minor) со живописна виолетово-црвенa нишка”, во твитер-објавата.

– За нас беше навистина важно да излеземе со нова боја бидејќи сега имаме многу нова визија за светот!, рече извршната директорка на Институтот „Пантон”, Леатрис Ајсман. – Ова е буквално најсреќната и најтопла од сите нијанси на сино. Поради оваа црвеникава нијанса, таа носи моќно чувство на новина, а новото е она што го бараме!, додаде таа.

Ајсман додава дека Бојата ја симболизира иднината.

– Ја создадовме оваа боја на годината за да ги натераме луѓето да зборуваат за улогата на боите во нашите животи. И, кога ќе ги натерате да зборуваат за тоа, „правите врева” и свеста се подига!, вели таа.

Според неа, бојата е составен дел од нашето секојдневие, но ние ја земаме здраво за готово.

 

МИА

фото: curbed.com/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1