ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/9/21 9:41 AM

Автомобил пропадна во езерцето во Градски парк, нема повредени

Автомобил „пежо” со скопски таблички пропаднал во езерцето во Градскиот парк. Повредени нема.

Информацијата за МИА ја потврдија од Министерството за внатрешни работи од каде информираа дека нивни екипи се испратени на терен.

До Територијалната противпожарна единица на Град Скопје досега нема пријава за евентуална интервенција.

Слика со пропаднатиот автомобил беше објавена на фејсбук страната „Ние сме од Скопје”.

МИА

Фото: Facebook


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7