„Плукав додека Дикаприо ме гледаше“ - Џенифер Лоренс го скршила забот и го голтнала пирсингот
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/9/21 8:50 AM

„Плукав додека Дикаприо ме гледаше“ – Џенифер Лоренс го скршила забот и го голтнала пирсингот

Во новиот филм на Нетфликс „Не гледај горе“, Џенифер Лоренс (31) и Леонардо ди Каприо (47) се појавуваат во улоги на астрономи кои откриваат опасна комета која брза кон Земјата. На њујоршката премиера на филмот, Лоренс проговори за несреќите кои ги доживеала додека го снимала филмот.
„Изгубив заб прилично рано на сетот. Не можев да одам на забар до крајот на филмот, па морав да го снимам најголемиот дел од филмот без заби – изјави актерката на која ова не и беше прва несреќа во овој филм.
Џенифер глуми луда астрономка, која има два пирса во носот, со кои имала големи проблеми.
– Еден од нив е само закачен, а другиот е магнет. Многу, многу пати случајно го вдишав тој магнет и морав да го исплукам пред Леонардо ди Капри – открила таа.

Извор и фото: www.24sata.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7