ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/8/21 1:49 PM

Нухиу демантира, осудените во „Диво насеље“ нема да се сретнат со косовскиот заменик-министер за правда

Заменик-министерот за правда Агим Нухиу потврди дека утре ќе има средба со неговиот косовски колега Блерим Салаху, но дека не е предвидена средба со осудените косовски државјани во случајот „Диво Насеље“.

Во изјава за МИА, Нухиу попладнево рече дека ќе се сретне со Салаху и оти е предвидена средба со раководството на затворот „Идризово“, но не и со затворените лица.

Претходно беше објавено дека, заменикот министер за правда на Косово, Блерим Салаху утре ќе ги посети косовските државјани кои се осудени за случајот „Диво насеље“, кои ги служат казните во македонските затвори за настаните од мај 2015 година во Куманово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во синоќешното интервју за телевизијата Т7, Салаху рече дека, по воспоставената комуникација со Министерството за правда на Северна Македонија, добил дозвола за во четврток да ги посети затворениците осудени за споменатиот случај.

„ Како Министерство, имајќи го предвид Законот за државјанство, во кој се нагласува јасно дека државјанинот има тесни врски со државата, ние имаме обврски (кон државјаните на Косово). Имаме потврда од македонскиот заменик министер за правда дека можеме да ги посетиме во четврток. Ќе ги посетиме, ќе ги видиме условите, потоа ќе преземеме мерки, како што е испраќање дописи до тамошната влада за да создадат подобри услови,“ рече Салаху.

Претставникот на Владата во Приштина побара целосно расветлување на случајот и расчистување на дилемите околу тоа што точно се случи во кумановската населба во 2015 година.

МИА

фото-twitter.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1