ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/7/21 10:48 PM

Во Словенија одобрен лекот „лагеврио“ против коронавирус

Словенечкиот национален етички комитет денеска го одобри лекот „лагеврио“ против коронавирус, кој е познат и како молнупиравир.

Комитетот смета дека лекот носи значителен напредок во борбата против пандемијата на коронавирус, бидејќи спречува тежок ковид-19 или смрт, пренесува агенцијата СТА.

Европската агенција за лекови (ЕМА) го препорача овој лек за лекување на коронавирус на 19 ноември, иако се уште не е регистриран.

Оралниот антивирусен лек, развиен од „Merk“ во соработка со „Ridgeback Biotherapeutics“, е наменет за третман на коронавирус кај возрасни.

ЕМА советува да не се лекуваат бремени жени или жени кои планираат бременост.

Овој лек, како што е наведено во препораката на ЕМА, треба да се зема пет дена по појавата на симптомите на коронавирус или што е можно поскоро по позитивен резултат од тестот.

Словенечкиот национален комитет препорачува лекарите да ги информираат подобните пациенти за неговите својства и можните несакани ефекти.

– Кога пациентот е информиран за се, треба сам да одлучи дали ќе го земе Лагеврио или не – се наведува во препораката на комисијата.

Пациентот кој ќе се согласи на лекување со нов лек треба да ја потпише согласноста, а лекарот да ја парафира до регистрација на лекот, се наведува во препораката.

Исто така, на лекарите им се советува да ги следат ефектите на новиот лек и потенцијалните несакани ефекти за секој пациент поединечно.

Извор: Новости.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1