ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/6/21 8:14 PM

„Министерското столче може да му го земете ама шармот не“ – Лиде со нова покана за кафе до Филипче, оти сега ќе бил послободен

-Лечете си ги фрустрациите на друго место, не да се ситите што Венко нема веќе да  биде министер. Венко е добар човек, независно дали е министер или не, вели Лиде, најголемата обожавателка на се уште актуелниот министер за здравство, Венко Филипче.

Таа од медиумите се информирала дека се ближи негова смена и сака да порача на сите дека министерското столче него не го направило човек, туку дека тој по природа е таков шармантен, дека со шармот ги мамел жените.

-Па така е што, зарем не се забележува тоа. Колку време трае пандемијава, колку време го гледаат по телевизии, по пресови, заерм не го забележале неговиот шарм. Јас ништо не измислувам и не преувеличувам, тоа е факт. Сите злобници што го озборуваат и што му се ситат  сакам да им порачам дека министерското столче може да му го земат ама  шармот нема да успеат. Тоа си го носи од раѓање. Има луѓе кои може да живеат два животи ама џабе им е, кога го немаат тоа ви нив  што привлекува.  Затоа бил министер или не јас Венко ќе си го сакам. Па јас не го засакав затоа што е министер, туку му го забележав шармот, се гледа по тоа како зборуваше, вели Лиде и додава:

-Ќе го сакам Венко, па ние сме како Том и Џери, како Џек и Роуз. Кафето немора да чека да заврши ова чудо наречено пандемија, еве сега ќе има помалку обврски и повеќе слободно време. А и што е живот, може утре ќе умрам, ова е лудо време, здрави и прави луѓе за миг ги снемува, па зошто кафе да не пиеме сега. Живот е тоа, не се знае утре што ни носи, децидна е таа.
Лиде вели дека и кога ќе нема веќе да е министер ќе продолжи да му пишува на Венко преку пресовите на новиот министер.

-Хахаха… Да, да ќе му пишувам. Па, како да му пишам на Венко освен вака. Затоа уште сега му порачувам да седнеме, веќе ќе биде послободен. А знам дека ќе му биде убав муабетот со мене, ќе си го редуцира стресот во мое друштво. Џабе го нервираа, сите што го озборуваат и напаѓаат џабе вадеа фрустрации, кога исто ќе биде и понатака. Демек здравството ќе се реши ако Венко не е министер. А сите се свесни дека не е до Венко. Затоа сакам да им порачам да олабават со злобата за да имаме малку подобар живот,малце ли ни е тешко со минималецот и со сите други проблеми во државава, вели Лиде и се надева дека нема да добие блок од новиот министер што ќе продолжи да го фали и да го повикува Филипче на кафе и на туѓ прес.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1