Можно е Новата Година да ја дочекаме со снег, но сигурно не’ очекува студен декември
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/6/21 8:54 AM

Можно е Новата Година да ја дочекаме со снег, но сигурно не’ очекува студен декември

По снегот неделава и заладувањето, ќе следи затоплување, меѓутоа до крајот на декември ќе настапи типично студено време и нешто почести врнежи. Споредено со претходните две години, може да очекуваме и повеќе снег.
Ова е најавата која стигнува од српската метеоролошка служба. Иако е рано да се зборува за новогодишната од Управата соопштуваат дека има шанси да доживееме снежна новогодишна ноќ.
– Некаде меѓу пет и седум дена пред Нова година би можеле подетално да зборуваме за снегот за новогодишната ноќ. Минатата зима беше просечно студена, во споредба со неа сега ќе има повеќе снег, соопшти метеорологот Горан Михајловиќ.
Грчките метеоролози пак, најавуваат снег за Нова Година и лошо време. Посебно ќе биде забележлив падот на температурата по 29 декември, а се предвидуваат врнежи од снег кои ќе продолжат до 6 јануари 2022 година. Се очекува подобрување на времето од 7 до 12 јануари, но не за долго, бидејќи од 13 до 18 се предвидува нов пад на температурата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7