Ни се скрши срцето, што да им кажеме сега на твоите? АЕК се прости од кошаркарот Јеловац кој почина од мозочен удар
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/5/21 8:40 PM

Ни се скрши срцето, што да им кажеме сега на твоите? АЕК се прости од кошаркарот Јеловац кој почина од мозочен удар

Тажна вест стигна од Атина. Познатиот српски кошаркар Стеван Јеловац на 32-годишна возраст почина од последици на мозочен удар.
Некогашниот репрезентативец на Срвија почина неколку дена по ударот кој го доживеа на тренинг, а неговиот клуб АЕК од Атина се прости од Јеловац со многу тажна објава која ја пренесуваме во целост.

„Како да се носите со несреќната судбина? Како да се помирите со несфатливото? Нашето насмеано дете го нема… Трагедија. Болка без зборови. Тажна вест стигна од Србија. Нашиот борец, нашиот брат Стеван стана ангел. Одлета во небото…

17 август 2021 – ни упати великодушна насмевка. Тешки времиња, на сите ни беше тоа потребно.

14 ноември 2021 – времето се замрзна. Нашиот брат почна да ја води најтешката битка во својот живот. Тимот црпеше сила од својот меч, од неговите страсти надвор од очекувањата. Надевајќи се.

5 декември 2021 – 22 дена подоцна…Нерамноправната битка е завршена. Стеван не можеше да издржи.. Што да му кажеме сега на неговото семејство? На неговите родители? На неговата сестра?

„Анѓелу, ти леташ овде, патејќи и невидлив, фати ме за рака, луѓето имаат златни замки„ напиша еден поет. Нема зборови за утеха, тие не постојат. Историјата на нашиот славен клуб е испреплетена со тешкотии и трагедии, но сега претера.

Ми се скрши срцето, загубив насмеано дете… Среќно наш брату“, стои во емотивната порака на кошаркарскиот клуб АЕК.

Извор: Mondo.rs

Фото: MN Press


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7