ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/6/21 10:45 PM

Хорор искуство со секси играчка: „Загреваше и престана да работи кога најмногу требаше“

Млада Британка купила вибратор, но одлучила да заштеди малку па нарачала копија на еден познат бренд со секси играчки. Многу брзо се покајала поради одлуката!

Девојката наивно поверувала дека купила оригинален производ затоа што наизглед бил ист, но погрешила. Пред да го порача онлајн, прочитала добри коментари за вибраторот, а посебно била пофалена неговата моќ на вибрирање.

– Материјалот беше толку тврд, тврда пластика, што беше непријатно.  Престануваше да работи и почнуваше повторно сам од себе. Целосно ќе се изгасеше, а потоа наеднаш ќе забрзаше и стануваше гласен. Многу загреваше и ми беше страв дека ќе ме изгори – раскажа девојката за британските медиуми.

Таа сега предупредува да не се порачуваат играчки од непроверени сајтови затоа што нема гаранции, ниту сервис за корисници. Освен тоа, проблем се копиите кои се изградени од нетестиран силикон или други полимери кои можат да бидат штетни по здравјето.

Извор: Mondo.rs

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1