ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/5/21 12:30 PM

(Видео) Во постојано трка по материјалното, мисијата на волонтерите е ретка појава во светот – Пендаровски со порака за Светскиот ден на волонтерството

Во животот секогаш најмногу не инспирираат поединците кои прават нешто добро, а без никаков надомест. Доброволно, искрено, посветено и чесно, мотивирани единствено од желбата да се помогне некому во неволја, да се понуди утеха, да им се служи на другите луѓе и на заедницата на која припаѓаат, е пораката од претседателот на државата Стево Пендаровски, по повод 5 декември – Светски ден на волонтерството.

Во видео-порака Пендаровски нагласи дека кога милиони луѓе секојдневно се во постојана трка по материјални богатства и моќ, не гледајќи ги тие кои страдаат, мисијата на волонтерите претставува ретка појава во светот.

Претседателот се заблагодари за напорите што волонтерите ги вложуваат и помагаат во придонес за општото добро.

-Дозволете ми, во името на сите наши граѓани да искажам огромна благодарност и почит за вашата пожртвуваност, вашата одговорност и посветеност, вели тој во видео-пораката.

Претседателот ги охрабри и натаму да останат ангажирани и да делуваат онаму каде што е најпотребно и преку личен пример да ја вратат вербата во хуманоста и солидарноста како предуслови за една среќна и просперитетна човечка заедница.

Извор: Кабинет на претседател


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1