ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/5/21 12:00 PM

Девет години затвор за Американец кој помошта од државата ја потрошил на „ламборгини“ и стриптиз клубови

Американец од Хјустон, Ли Прајс ќе оди во затвор на девет години затоа што парите од државната помош за ковид-19 ги потрошил на луксузни работи, пренесе Дејли Мејл.

Ли минатата година за време на карантинот поради пандемијата побарал помош од државата затоа што тврдел дека работењето на неговите компании е загрозено. Од државата добил 2,6 милиони долари финансиска помош

Со добиените пари ја исплатил хипотеката за куќата и за 233.000 долари си купил СУВ возило „ламборџини урус„ и „форд Ф350“ за 13.000 долари.

Освен на автомобили, Ли од добиените пари нешто потрошил на луксузен „ролекс„ часовник од 14.000 долари и на бакшиш во стриптиз клубови.

Поради оваа глупост тој е осуден на девет години и два месеци затвор.

Извор: Index.hr

Фото: Dailymail.co.uk

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1