ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/5/21 11:06 AM

Двајца Срби во „опел вектра„ со штипски таблици шверцале шестмина Кубанци и тројца Индијци

Синоќа во 21.30 часот кај наплатната рампа Смоквица, службеници од Полициската станица за граничен надзор и Граничен премин „Богородица” ги лишиле од слобода Ф.Д.(19), кој управувал патничко возило „опел вектра”, со штипски регистарски ознаки и 16-годишен совозач, двајцата државјани на Р.Србија, бидејќи при контрола во возилото биле пронајдени 9 лица мигранти. Од нив, шест биле кубански, а  три индиски државјани.

Поради постоење основи на сомневање за сторено кривично дело по чл.418-б од Кривичниот законик, возачот и совозачот биле приведени во полициска станица, за случајот е известен Јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција и ќе се соочат со законски превидените поднесоци, додека лицата мигранти биле спроведени во Транзитниот центар „Винојуг” Гевгелија за понатамошна постапка.

 

Извор: МВР


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1