ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/5/21 10:33 AM

Рестартирањето на ТЕЦ Неготивно ќе ја чини државата помалку отколку увоз на струја, смета директорот Небојша Стојановиќ

Пуштањето на АД ТЕЦ Неготино во процес на производство ќе ја чини државата помалку отколку увоз на електрична енергија, оценува во интервју за МИА, генералниот директор Небојша Стојановиќ. Проценките се дека со моментната цена на мазутот од 36 ден/кг, производната цена на АД ТЕЦ Неготино ќе изнесува  од 150 – 175 евра / мегават-час, во зависност од тоа дали ќе работи со еден или два котла. Владата на Република Северна Македонија даде согласност да се склучи договор за деловно-техничка соработка меѓу АД ЕСМ и АД ТЕЦ Неготино за набавка на мазут и производство на електрична енергија во периодот декември 2021 – април 2022 со можност за понатамошна соработка, доколку за тоа има потреба.

Во времиња на закани од  енергетска криза поради дефицит од струја, низ годините се знаело да се каже дека само „златната резерва” ТЕЦ  „Неготино” може да ја спаси земјава од мрак. Изградена пред 43 години, таа има инсталирана моќност од 210 мегавати и е втор по големина енергетски капацитет во државата. Тоа е единствена електрана што како погонско гориво користи мазут и брзо може да се преориентира и на природен гас.

– Цената на електричната енергија на берзите секојдневно расте. Во моментот изнесува  283 евра/ мегават-час. Во секој случај пуштањето на АД ТЕЦ Неготино во процес на производство ќе ја чини државата помалку отколку увоз на електрична енергија. Проценките се дека со моменталната цена на мазутот која изнесува 36 ден/кг, производната цена на АД ТЕЦ Неготино ќе изнесува  од 150 – 175 евра / мегават-час, во зависност од тоа дали ќе работи со еден или два котла.  Владата на Република Северна Македонија даде согласност да се склучи договор за деловно-техничка соработка меѓу АД ЕСМ и АД ТЕЦ Неготино за набавка на мазут и производство на електрична енергија во периодот декември 2021 – април 2022 со можност за понатамошна соработка, доколку за тоа има потреба. Мазутот ќе го набави АД ЕСМ, а за тоа ќе добие и помош од Владата, и ќе ја преземе целокупната произведена електрична енергија од АД ТЕЦ Неготино. Обртните средства од прозиводството на електричната енергија  во првиот месец, ќе бидат искористени од страна на АД ЕСМ за набавка на мазут за понатамошно производство.

Произведената електрична енергија во ТЕЦ Неготино, АД „ЕСМ” ќе ја искористи во еден дел за потребите за снабдување на домаќинствата и малите потрошувачи во случаи на кусоци, дел ќе понуди за потребите на АД „МЕПСО”, додека вишокот електрична енергија, ЕСМ Продажба ќе ја понуди на продажба на слободен пазар на домашните стопански субјекти, по цени пониски од цените на берзата, смета директорот во интервјуто за МИА.

фото: МИА

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1