ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/4/21 9:51 PM

Руски бизнисмен ја тужи СЗО поради варијантата на корона вирусот Омикрон

Сибирски претприемач поднесе тужба против руската филијала на Светската здравствена организација поради тоа што класификацијата на неодамна откриениот вид на корона вирусот  наречен Омикрон –му го уништува имиџот на неговиот бизнис.

Извршниот директор на мрежата на офталмолошки клиники „Омикрон“, Александар Падар, го поднесе барањето до Арбитражниот суд во Москва.

„Нашето име е регистрирана трговска марка, првенствено во областа на медицината и здравството, бидејќи ова е нашата основна услуга“, објасни Падар, истакнувајќи дека „поврзаноста со некој вид на корона вирус му штети на нашиот углед“.

„Размислете, ако некој умре од „Омикрон“ – ваш роднина или пријател, веројатно нема да одите во клиниката со истото име“, рече тој.

Падар рече дека инвестирал голема сума пари за рекламирање на неговите клиники. Сега, поради избувнувањето на варијантата, резултатите од пребарувањето за варијантата Омикрон водат и до неговата фирма и објекти, што за него значи неизбежни огромни финансиски загуби.

Варијантите на Ковид-19 досега беа именувани по буквите од грчката азбука заради географска и политичка неутралност.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7