ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/4/21 1:45 PM

Во болница пренесени двајца кои на мотоцикл се судрија со такси возило во Штип

Во населбата Сењак во Штип, нешто пред пладне, на раскрсницата под трговскиот центар „Елкос“ се судрија такси возило и мотоцикл. Полицијата излезе на терен на увид, додека полека се собираа минувачи. Додека се врши увид, затворена е главната сообраќајница. Возилата се пренасочуваат преку дворот на трговскиот центар.

Се судриле патничко возило „венто” управувано од 71- годишен возач и мотоцикл, управуван од 19 – годишник, кој со него возел 17 годишно момче, двајцата префрлени во Клиничката болница во Штип. Еден од повредените завршил  во Шок соба, со потешки повреди.

Таксистот не е повреден, има само материјална штета на возилото.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7