ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/4/21 10:20 AM

Град Скопје поништи па ќе објавува нов конкурс за пожарникари – СДСМ реагираа: Арсовска ги загрозува граѓаните

Град Скопје го поништи конкурсот распишан во јули за прием на нови 20 пожарникари. СДСМ оцени дека градоначалничката Данела Арсовска, тоа го направила како што реагираат „заради лични каприци“ во сензитивно време.
-Иако е евидентен недостигот на пожарникари во Град Скопје, деструктивната Арсовска го спречи вработувањето на пожарникарите, со што ја загрозува општата безбедност на градот и граѓаните, реагираат од СДСМ.
Од Град Скопје објаснуваат дека иако конкурсот бил објавен во јули, не е направен избор по собраните документи. Градот се повикува на Законот за локална самоуправа, каде конкурс може да се поништи поради недостатоци.
Поради тоа, Град Скопје подготвил нов конкурс што ќе го објави во понеделник. Инаку, Противпожарната територијална единица во моментов има 160 пожарникари, додека систематизацијата предвидува 390.
Иако постојано се вработуваат административци, генерално во целата држава има недостаток на пожарникари и не е пополнет предвидениот број од 1300, туку работат само околу 600.
Со смената на локалната власт, во неколку општини беа поништени конкурси за вработувања и се распишаа или се најавуваат нови.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7