Каква тајна кријат тетратките, кои штипјани се запишани како должници - Приведени двајца лихвари од Штип
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/3/21 11:36 AM

Каква тајна кријат тетратките, кои штипјани се запишани како должници – Приведени двајца лихвари од Штип

СВР Штип приведе двајца штипјани, кои се познати како лихвари и должниците ги запишувале во тетратки.

-На 02.12.2021, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Штип ги лишиле од слобода Е.Ј.(39) и С.Ј.(45), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ казниво по член 260 од Кривичниот законик, се вели во информацијата од МВР и додаваат:

-Тие се сомничат дека давале пари на заем со писмени и усни договори и притоа за себе договарале несразмерно високи камати. Кај нив биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело – пари, банкарски картички, лични документи на оштетени граѓани и две тетратки во кои биле евидентирани заеми дадени по енормно високи камати на лица од социјално загрозени семејства корисници на социјална помош и останати социјални додатоци, велат од МВР.

Се работи на целосно документирање на случајот, по што против Е.Ј. и С.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7