ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/3/21 9:41 AM

Пандемијата го намали квалитетот на живот на лицата со попреченост – Со кошарка и музика се одбележув Меѓународниот ден посветен на нив

Со песната „ Дозволи ми да победам“ и онлајн активности во рамки на „Европската кошаркарска недела“ –  Специјална олимпијада Македонија го одбележува 3 декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

„Ударот кој што го зададе пандемијата со Ковид 19 сериозно го намали квалитетот на живот на атлетите на Специјална олимпијада Македонија, но и генерално на лицата со попреченост глобално, така што ние се обидуваме да го одржиме низ различни форми нивниот дух и да им отвориме можности за спортски активности придржувајќи се до програмата која што ни се зададени на глобално ниво“ – вели Драган Караџовски – Национален директор на Специјална олимпијада Македонија.

Токму затоа во Европската кошаркарска недела, годинава е организирана со онлајн и офлајн активности. Кампањата „Лицата на кошарката“ ги мобилизираат алтетите, тренерите и волонтерите на организациите да се фотографираат и да ги споделуваат своите искуства, а воедно и да ги најават можните настани со физичко присуство, поврзани со кошарката.

Оваа година „Европската кошаркарска недела“ ја одбележуваме со песната „Дозволи ми да победам“ која ја изведува Никлеман во чест на кошаркарите на Специјална олимпијада Макеоднија, а ја продуцираше Гоце Трпков – Гоце САФ. Во музичкиот спот за неа учествува кошаркарскиот тим на Специјална олимпијада Македонија кој освои бронзен медал во Абу Даби во 2019 година и кошаркарските ѕвезди Војдан Стојановски, Јелена Антиќ и Роберт Рикиќ, како и тренерот на шампионскиот тим МЗТ Скопје, Дарко Радуловиќ.

Реализацијата на активностите на Специјална олимпијада Макеоднија е поддржана со институционален грант на Цивика Мобилитас.

Извор: Специјална олимпијада Македонија

 

 

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1