ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/3/21 9:41 AM

Од силниот ветер паднаа дрво и бандера во Штип

Ветерот со силина од 75 километри на час, што од синоќа дува во Штип, откорна дрво во Штип на улицата „Широк Дол“. При падот нема повредени луѓе, но дрвото целосно ја попречи улица и ја оневозможи за одвивање на сообраќај. Дрвото повлекло кабли и ја урна бандерата со кабли. ЕВН превентивно ја исклучи струјата, до санирање на бандерата.

-Рано изутрината во 6.20 часот за паднатото дрво граѓанин информирал вработен на ЈП „Стипион“. Веднаш е излезено на терен и дрвото е отстрането. Остана уште екипата на ЕВН да ја санира паднатата бандера, рече Игор Ефтимов, директор на „Стипион“.

Според станарите на зградата се работи за дрвја стари над 40-тина години.

Засега во Општината Штип нема други пријави на штети, иако ветерот и натаму беснее.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7